Од 1 јануари пензионерите кои земаат пензии помали од просечната пензија во државата ќе се лекуваат бесплатно, најави премиерот Никола Груевски. Министерството за здравство ќе треба да подготви специјална програма за спроведување на оваа владина мерка.

- Следната крупна мерка за пензионерите е веќе донесена на последната седница на владата. Тоа ќе значи целосно бесплатно лекување во болница, терапија и сите други пропратни работи што болен човек може да ги има, со кои може да се судри како потреба за лекување, така што онаа 20 отсто партиципација за болничко лекување нема да постои за сите кои што имаат пензија помала од просечната. Ова беше наше изборно ветување, рече премиерот Никола Груевски.
